Дознајте на кој хороскопски знак можете да му кажете се, без да се грижите дали вашата тајна ќе биде откриена, а со кој мора да бидете внимателни.
Овен
Доколку нему или на неа сте и довериле тајна, пазете да не ги извадите од такт, затоа што во тој момент многу имплусивно ќе раскаже се што не треба, без обзир на тој кој се наоѓа во ваше присуство. Тоа секако нема да го направи со некоја задна намера, тоа е затоа што они прво прават, а потоа размислуваат, но ако притоа откријат нешто што вие не сакате да биде откриено, тоа и нема многу да ви е од корист.
Бик
Стабилен е и упорен, но на Биковите поверувајте им тајни само ако знаете дека се согласуваат со тоа што вие сте го повериле. Во сите останати случаи, задржете го тоа за себе. Бикот ќе се потруди да ви објасни како тоа не е реално или паметно и дека си го комплицирате животот без потреба. Тестирајте го со приказната „што мислиш за…“, па дури потоа, евентуално поверете му ја тајната.
Близнаци
Овој знак е олицетворение на брбливоста и затоа не му ја кажувајте својата тајна ни во сон. Дури и ако нема потреба да му раскаже некому некои свежи вести, „ќе излае“ сосема случајно, додека пие кафе со некого. Значи, бидете внимателни кога му откривате тајна на овој знак.
Рак
Доверлив и лојален. Ракот ќе ви понуди рамо за плачење, утеха, прегратка, чај, се само да ви помогне. Се на се, на Раковите може да сметате, затоа што ако сте му важен, никогаш ништо нема да прозбори за вашата тајна.
Лав
Тајната со која Лавот може да го доведе до искушение да се пофали со неа или доколку може пред некого да се докаже, никако не му ја поверувајте. А ако се работи за негова конкуренција или личност која не му е симпатична, овој сојуз со вас околку тајната може да биде многу интересен. Ако може да помогне да победите некого, тој е покрај вас.
Девица
Дискретната Девица ќе ги чува вашите тајни се до моментот кога ќе почнете да се одалечувате од неа. Тогаш ќе почне со приказните „кога само ќе се сетам, што се знаев и молчам, а кој ми кажа фала“. Значи, само ако сте со Девицата доволно долго во добри односи и планирате така и да продолжите, отворете ја душата.
Вага
Тие се прекрасни пријатели, но може да се случи некоја околност да ве доведе до одмерување на причини за или против на одавање на доверена тајна. Значи, зад нивниот шарм ретко се крие крајна доверливост. Тие со задоволство ги шират приказните за своите пријатели, секако добронамерно.
Шкорпија
Тајната која се движи е второто име на Шкорпијата. Кога инквизиторите би ги ставиле и на маки, тие би молчеле. Тие најдобро ги разбираат тајните, затоа што и самите ги имаат во големи количини. А кога нешто ќе се открие, јавно раскаже или се дознае, тогаш веќе се губи магијата и повеќе тоа не е тоа. Слободно доверете се, дури да кроите завери, тие ќе ви го чуваат грбот.
Стрелец
Зборливоста да не им е вродена, тие би биле прекрасни пријатели. Посебно ако се откриваат тајните со некоја чашка повеќе, на приказната ќе и нема крај. Може да се случи да мислат дека некој друг им раскажал нешто, а тоа да сте вие, па да тргнат и вам да ви раскажат вашата тајна како некој друг да им ја кажал.
Јарец
Вистинска „сива еминенција“ во хороскопот. Тие се владетели од сенка. Јарците знаат како да имаат корист од чување тајни, затоа што вие во замена за нивна дискреција, ќе им договорите состанок со некој кој што им е потребен за работа. Нивните финансии се најголемата тајна.
Водолија
Ако сакате Водолијата да ви биде чувар на тајната, мора да имате крајно ексцентрична тајна. Во сите останати случаи, тие ќе се смеат на вашата потреба дека таа вообичаена работа ја сметате за тајна. На првото собирање на вашето цело друштво, ќе ја раскаже вашата тајна со многу духовити досетки.
Риби
Со Рибите нема голем ризик. Тие доверените тајни може и да ги заборават, но ако ги запаметат ќе ги чуваат засекогаш, затоа што Рибите се многу таинствени и во согласност со тоа ги сакаат личностите кои имаат тајни. Никогаш не им одавајте тајна која што е спротивно на нивните емоции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



