Коста Петров, основачот и извршен директор на македонскиот супербренд, „Пи ворлд“, втора година по ред се најде на листата на 30. највлијателни личности во индустријата за настани во Централна и Источна Европа, составена од престижниот магазин „Конгрес“.
– Ова е големо признание и за мене и за сите вработени во нашата компанија. Не е лесно да се гради глобален бренд од Македонија, но веќе четири години успешно го правиме тоа и навистина сме горди на сите наши достигнувања – рече Коста Петров.
Македонската компанија за настани „Пи ворлд“ е основана во ноември 2010 година. Компанијата организира некои од најголемите светски бизнис настани во повеќе од 30 земји, меѓу кои се Катар, Египет, Мароко, Јордан, Турција, Србија и Азербејџан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.