Новиот гасовод што „Газпром“ ќе го гради наместо „Јужен тек“ може да биде наречен турски тек, изјави денеска вицепретседателот на компанијата Александар Медведев.
Тој повтори дека „Јужен тек“ нема да се гради и оти ќе биде реализиран друг проект, чие име наскоро ќе биде објавено.
– Има предлози да се нарече турски тек – посочи Медведев.
На 1 декември рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Турција изјави дека Русија се откажува од проектот „Јужен тек“ поради неконструктивниот став на Европската унија. Тој тогаш најави дека за потребите на Турција ќе се изгради нов гасовод.
– Руското Министерство за енергетика не очекува финансиски побарувања за меѓувладините договори склучени за изградба на „Јужен тек“. Русија сфаќа дека државите, низ кои требаше да поминува „Јужен тек“ сметале на инвестициските проекти, на нови работни места и на зголемување на даночните приходи. Но, да се реализра проект, за кого нема услови, е невозможно. Извршена е правна анализа на меѓувладините договори, кои беа потпишани во 2008 и 2009 година, при што е утврдено дека не се договоренио финансиски казни – посочи рускиот министер за енергетика, Александар Новак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Турски поток“ стаса на територијата на Турција
-
Македонија ќе учествува на детски фудбалски фестивал во пресрет на Светското првенство во Русија
-
Путин потпиша закон за ратификување на договорот со Турција за гасоводот „Турски поток“
-
Во Истанбул: Турција и Русија потпишаа договор за изградба на „Турски поток“