| четврток, 6 декември 2018 |

Убиени петмина исламисти во Египет

Египетските безбедносни сили ликвидираа петмина екстремисти, дел од терористичка ќелија која подготвувала серија напади во земјата.

Припадниците на безбедносните сили се судрија со екстремистите во провинцијата Шаркија, при што загина еден полицаец. На телата на убиените екстремисти е пронајден експлозив, а во нивните магацини е откриено поголемо количество оружје и муниција, како и рачно изработени бомби и автомобил-бомба.

Ликвидираните екстремисти биле членови на исламистичката група „Ансар Бејт ал Макдис“, која е лојална на Исламска држава.

Безбедносните мерки во Египет се засилени поради христијанските празници и Нова година. Обезбедувањето на црквите ќе биде до 7 јануари кога Коптите слават Нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top