Американскиот актер Дејвид Швимер, најпознат по улогата на Рос во серијата „Пријатели“, ќе биде дел од новата серија „Американски криминал“ која ќе се занимава со расизам, класни и политички проблеми и ќе прикаже некои од најпознатите убиства и судења.
Една од епизодите „Американска криминална приказна – народот против О Џеј Симпсон, ќе биде посветена на случајот на славниот спортист О Џеј Симпсон, а Дејвид ќе го глуми неговиот адвокат, Роберт Кардашијан.
Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал О Џеј Симпсон пред 20 години беше обвинет за убиството на неговата поранешна сопруга35-годишна Никол Браун Симпсон и нејзиното момче 25-годишниот келнер Роналд Голдман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.