| четврток, 6 декември 2018 |

Рос ќе стане Кардашијан

Американскиот актер Дејвид Швимер, најпознат по улогата на Рос во серијата „Пријатели“, ќе биде дел од новата серија „Американски криминал“ која ќе се занимава со расизам, класни и политички проблеми и ќе прикаже некои од најпознатите убиства и судења.

Една од епизодите „Американска криминална приказна – народот против О Џеј Симпсон, ќе биде посветена на случајот на славниот спортист О Џеј Симпсон, а Дејвид ќе го глуми неговиот адвокат, Роберт Кардашијан.

Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал О Џеј Симпсон  пред 20 години беше обвинет за убиството на неговата поранешна сопруга35-годишна Никол Браун Симпсон и нејзиното момче 25-годишниот келнер Роналд Голдман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top