На денешната отворена седница на Владата, министерот за образование Абдилаќим Адеми најави дека пред воведување на државен испит на високообразованите установи во Македонија, прво ќе биде воведен пробен државен испит, односно пилот проект.
Државниот испит ќе се смета за положен со најмалку 60 отсто позитивни одговори, или државниот испит ќе се смета за положен ако за најмалку 20 отсто од предметите постигнал најмалку 30 отсто од бодовите за секој предмет поединечно, но вкупниот збир на бодовите да не биде помалку од 60 отсто од вкупниот број предвидени бодови за сите предмети.
Државниот испит, како што нагалси Адеми, се предлага да сe полага во два дела, односно еден дел по втората академска година, а вторниот дел во завршната година од студирањето.
Првиот дел ќе ги опфати сите предмети кои до моментот ги има положено студентот, а вторниот дел – сите предмети кои не биле опфатени во привиот дел. Државниот испит ќе се полага во месеците март-април и август и септември, да не се поклопува со испитните сесии на студентите.
– На дебатите кои ги спроведовме беше предложено процентот на одговори да не биде ист од сите предмети, да може за одредени предмети прцентот на положеност да биде понизок и тоа ги прифативме бидејќи сметаме дека тоа е олеснително за стдентите. 10 отсто од изборните предмети кои се од факултетот да не бидат опфатени во државниот испит, ќе има јаван базен на прашања и државниот испит ќе се полага по електронски пат – појасни Адеми.
Прашањата, како што беше нагласено, на отворената владина седница, ќе бидат однапред познати и јавно објавени.
– Вкупниот број на прашња ќе бидат предложени од самите професори на универзитетите, а усвоени од управниот одбор – рече Адеми.
Државниот испит ќе се смета за положен ако за 20 отсто од предметите постигнал најмалку 30% од одговорите, но да не е помалку од 60 посто од вкупниот број на бодови.
-Во иднина предлагаме да има посебен регистар за сите дипломирани студенти во Македонија, од кога се формирани универзитетите, а исто така да има и регистар на нострифицирани странски дипломи – рече Адеми.
За стдиентите кои дипломирале во земјите со најреномирани универзитети нема да има државен испит, а за оние кои дипломирале во останатите странски држави ќе мораат да го положат државниот испит во Македонија, за да можат да си ја нострифицираат дипломата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.