Државниот првак во куглање на Македонија, Александар Соколовски доби повик за настап за Светската репрезентација во куглање.
Станува збор за повик за настап на ревијален натпревар којшто ќе се одржи на 27 декември во Бачка Топола (Србија), каде што ќе настапат кугларската репрезентација на Србија против репрезентација на Светот, за која ќе настапи Соколовски.
Годинава Соколовски освои и бронзен медал на Светското првенство за јуниори кое се одржа во мај во Брно, Чешка.
Натпреварот ќе се одигра во рамките на големиот интернационален турнир во куглање „Гранд при Војводина”, кој е влезен во Светската меѓународна кугларска асоцијација (А категорија) и се бодува на АТП листата на Светската асоцијација (WNBA/NBC).
Овој турнир е во организација на Српската кугларска федерација и се одржува по повод свеченото отворање на новата модерна куглана „Функ арена” (Funk Arena) во Бачка Топола (Србија).
Квалификациите на интернационалниот турнир во куглање „Гран при Војводина” се одвиваат од 15 до 26 декември, пријателскиот натпревар е на 27декември, додека финалните натпревари ќе се одржат на 28 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.