Очигледно е дека нема никому да му успее да нѐ исплаши и изолира. Тоа никогаш не се случило и нема да се случи – изјавил претседателот на Русија, Владимир Путин.
Тој напомнал дека такви обиди биле правени повеќепати во последниве стотина години. Путин нагласил:
-Сѐ почесто се слушаат изјави дека Русија треба „скапо да плати за својата независна позиција, за поддршката на Русите низ светот, за Крим, за Севастопољ, а понекогаш, се чини, и за тоа што постоиме.Расте бројот на закани и ризици, се игнорираат нормите на меѓународното право, во игра се сите средства: заплашување, уцени, економски притисок, информациска војна, поддршка на радикалните елементи, националистички групи, обиди да се дестабилизира внатрешната ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.