Најплатената турска ѕвезда Еркан Петекај, кого македонската јавност го знае по ликот Али што го игра во серијата „Бурни времиња“ итно бил пренесен во болница. НА Капетанот Али, кој на новогодишната вечер ќе го прослави својот 44-ти роденден, му се слошило за време на снимањето на новата серија „Парампарчиња“. Причината за таквата состојба беше поголем камен во бубрегот за што доби инјекции и беше пуштен на домашна нега, која треба да трае два месеци.
Инаку Еркан во новата серија игра успешен бизнисмен и татко на две деца, без среќа во бракот. Една дождлива вечер судбината ќе го спот со самохрана мајка на ќерка тинејџерка, чија единствена цел е да му обезбеди на детето пристоен живот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.