| четврток, 6 декември 2018 |

Операциите во источна Украина дневно чинат 4,6 милиони евра

ukrainaОперациите во источна Украина дневно чинат 100 милиони гривни (4,6 милиони евра). Тоа е огромна сума за нашата земја. Но, ние нема да штедиме на одбраната, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко на седница на Советот за национална безбедност.

Тој најави дека и покрај тешката економска сила Украина ќе оддели пет проценти од буџетот за одбраната во 2015 година, што е за еден отсто помалку од годинава.

Во 2015 година предвидена е поетапна мобилизација поврзана со ситуацијата во источна Украина. Порошенко апелираше и да се забрани испраќање на лица кои не поминале обука во зоните на воени дејствија.

Украинскиот претседател побара Парламентот што е можно побрзо да го изгласа предлог-законот со кој се отвора патот за членство на Украина во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top