| четврток, 6 декември 2018 |

Турско шоу казнето поради „спротивност на општествениот морал“

unnamedТурскиот висок совет за радио и телевизија казни телевизиско шоу со 410.000 лири (околу 144.500) поради „неморалност“ откако во емисијата сопрузи танцуваа со други жени, а нивните сопруги ги гледаа, објави „Хуриет дејли њуз“.

Турскиот медиумски регулатор го казни популарното шоу на Канал Д поради емисијата емитувана на 16 ноември со образложение дека е „спротивно на општествениот морал“ и „ги урива семејните вредности“.

Според висок совет за радио и телевизија емитуваното танцување „ги тера мажите да извршат прељуба и да создаваат атмосфера, со која се нарушува семејниот мир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top