| четврток, 6 декември 2018 |

Путин повика за унапредување на руските тајни служби

putinРускиот претседател Владимир Путин повика за унапредување на работата на руските тајни служби, со цел тие да можат да се носат со модерните предизвици и закани, соопшти Кремљ.  Путин тоа барање го изнесе во писмо упатено до ветераните и актуелните оперативци на руските безбедносни служби.

– Нагласувам дека модерните предизвици и закани, како и појавата на нови дестабилизирачки фактори, бараат зголемување на ефикасноста на целиот систем на домашни специјални служби. Клучна задача на оперативците на руските тајни служби е да се борат против меѓународниот тероризам и секој евентуален обид на странските тајни служби да и зададат удар на Русија и нејзините политички и економски интереси, се наведува во писмото на рускиот претседател Путин по повод Денот на безбедносните служби.

Европската унија и САД воведоа серија економски и визни санкции против поединци и компании од Русија поради вклученоста на Москва во украинската криза, како и поради анексијата на Крим во март.

– Русија ќе работи на возвратни мерки против новите санкции на САД и Канада. САД и Канада и натаму не можат да ги прифатат резултатите од слободното изразување на волјата на Крим и Севастопољ, изјави денеска претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.

– Наш совет до Вашингтон и Отава е да размислат за последиците од таквите акции. Ние ќе работкме на возвратни мерки, рече Лукашевич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top