Рускиот претседател Владимир Путин повика за унапредување на работата на руските тајни служби, со цел тие да можат да се носат со модерните предизвици и закани, соопшти Кремљ. Путин тоа барање го изнесе во писмо упатено до ветераните и актуелните оперативци на руските безбедносни служби.
– Нагласувам дека модерните предизвици и закани, како и појавата на нови дестабилизирачки фактори, бараат зголемување на ефикасноста на целиот систем на домашни специјални служби. Клучна задача на оперативците на руските тајни служби е да се борат против меѓународниот тероризам и секој евентуален обид на странските тајни служби да и зададат удар на Русија и нејзините политички и економски интереси, се наведува во писмото на рускиот претседател Путин по повод Денот на безбедносните служби.
Европската унија и САД воведоа серија економски и визни санкции против поединци и компании од Русија поради вклученоста на Москва во украинската криза, како и поради анексијата на Крим во март.
– Русија ќе работи на возвратни мерки против новите санкции на САД и Канада. САД и Канада и натаму не можат да ги прифатат резултатите од слободното изразување на волјата на Крим и Севастопољ, изјави денеска претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.
– Наш совет до Вашингтон и Отава е да размислат за последиците од таквите акции. Ние ќе работкме на возвратни мерки, рече Лукашевич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


