| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Државната инспекција откри новогодишни играчки и украси кои се опасни за користење

Небезбедни детски играчки и неисправни новогодишни светилки и украси. Засилените контроли на државната пазана инспекција откриле рафтови полни со производи кои не ги почитуваат основните стандарди за безбедност, пренесува „Сител“.

Во изминативе 10 дена неколку видови на светилки и играчки биле повлечени од продажба. Во овој период граѓаните подготвувајќи се за новогодишните празници интензивно пазарат  подароци. Велат дека се трудат да ги прочитаат информациите на производите и внимаваат што купуваат.

При купувањето на овие производи најважно е да се обрне внимание на декларацијата и ознаките од производителот. Од пазарниот инспекторат предупредуваат дека доколку купите светилки со краток и неизолиран кабел, може да предизвикате пожар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top