Првиот стратег на европскиот шампион Реал Мадрид Италијанецот Карло Анчелоти кој е еден од најзаслужните за освојување на догоочекуваната десетта титула во Лигата на шампионите популарната „десима“ на крајот од годината ќе добие повеќегодишен договор од управата на кралскиот клуб.
Претседателот на клубот Флорентино Перез е презадоволен од работата на Анчелоти и крои стратегија да биде првиот тренер во последните две децении кој подолго ќе се задржи на клупата на кралскиот клуб.
Во овој период односно од сезоната 2002/03 Реал Мадрид откако го смени актуелниот селектор на Шпанија Винсенте Дел Боске смени дури 11 тренери.
Европската круна како и серијата од 21 победа по ред, го прават многу среќен првиот човек на Реал Мадрид, а тој за во изјава за шпанските медиуми не штеди зборови за Анчелоти.
– Ние ќе бидеме почестени со продолжувањето на договорот со Анчелоти. Разговаравме за таа опција, но преговорите ќе бидат на крајот на сезоната. Сигурен сум дека нема проблем со Анчелоти. Тој сите играчи ги третира како свое семејство и тоа мора да се напомене – изјавил Флорентино Перез.
Анчелоти има договор до крајот на сезоната со Реал Мадрид, а со новиот договор ќе биде тренер со најдолг стаж по Дел Боске.
Инаку Мигел Муњоз е рекордер, кога станува збор за тренерите на Реал и тој работеше цели 15 години, прво во 1959, а потоа од 1960 до 1974 година, освојувајќи девет шампионски круни, два купа и две европски титули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)