| четврток, 6 декември 2018 |

Непланираниот секс прави чуда во сексуалниот живот

maz-zena

Ако не сакате монотонија во својата врска, постојат многу работи кои можете да ги направите за да ја „зачините“. Сексот е многу важен сегмент во врската, така што сексуалниот живот не треба да се запоставува, туку повремено да го „освежувате“ со нови идеи.

Многу е лесно да се западне во рутина поради која експертите советуваат вечерта да ја посветите себеси и на партнерот. Бракот не треба да ве спречи да се забавувате. Бидете спонтани и почнете со некои работи кои сте ги правеле како на почетокот на врската.

Многу двојки кажуваат дека чувствуваат замор штом влезат во спалната соба и дека сакаат само да спијат. Поради тоа, експертите препорачуваат местото за секс да го побарате во другите простории од домот, да истражувате и да бидете иновативни.

Физичкиот контакт е многу важен, а многумина не можат да се сетат кога последен пат го прегрнале партнерот. За да бидете расположени за секс, некогаш е доволно да му се прикрадете на партнерот и да го прегрнете. Блискиот контакт ќе ви помогне да одите чекор напред.

Разговарајте со партнерот за позите во сексот кои сте се обиделе да ги изведете. Не мора да користите „валкани“ зборови, само присетете се на пријатните моменти и повторно оживете ги. Не ви е потребна некоја посебна цел, само опуштете се и уживајте.

Се сеќавате ли кога сте го изненадиле партнерот? Тоа може да го направите на едноставен начин. Влезете под тушот додека се тушира партнерот, кога тој најмалку очекува. Може и да облечете нешто во што претходно ве нема видено. Испланирајте посебна ноќ, без специјална причина.

Разговарајте за фантазиите, не срамете се и не плашете се од својот партнер. Никогаш не знаете што може да откриете заедно.

На партнерот може да му испраќате и пораки кои ќе го изненадат и ќе го возбудат. Добра идеја е да одите на некои места, каде што сте се забавувале додека сте биле во врска.

Мажите сакаат кога жените ја преземаат иницијативата во спалната соба.

Не заборавајте и на бакнувањето за време на сексот. Често се случува двојките да се занесат толку многу што забораваат дека бакнувањето носи интимност во врската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top