Скопје сепак нема да биде домаќин на завршниот турнир во Јадранската лига, по гаранциите што ги даде градоначалникот на Белград, Драган Џилас, кој прифати главниот српски град да го организира „фајнал-форот“.
– Го известив Роман Лисац дека ние не можеме да дадеме 100.000 евра, меѓутоа можеме да обезбедиме бесплатно користење на една од двете сали„Арена“ или „Пионир“ – рече Драган Џилас.
Финалниот турнир на АБА-лигата треба да се игра од 25. до 27.април, но можно е да дојде и до поместување поради концертот што во тој период во Белград ќе го има музичката група „Рамштајн“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика