| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: И носителите на јавни функции ќе плаќаат придонеси за хонорарите

pari vo novcanik

Воведувањето задолжително социјално осигурување за лицата што имаат приход по основа на авторски договор и договор за дело овозможува за сите што не ги исполнуваат условите за старосна пензија да докупат или да ги одработат тие години што им недостигаат, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

– Мерката за воведување задолжително социјално осигурување за лицата што имаат приход по основа на авторски договор и договор за дело има уште еден позитивен аспект, тоа е за сите оние лица коишто не ги исполнуваат условите за старосна пензија, односно немаат 15 години работен стаж, имаат можност преку авторски договор или договор за дело да си ги докупат на некој начин или да си ги одработат годините што им недостигаат за стекнување услови за старосна пензија. На пример, доколку им недостига една година, доколку бидат ангажирани со авторски договор или договор на дело  во период од една година, ќе може потоа да остварат и право на старосна пензија што е уште еден позитивен аспект од реализацијата на оваа мерка – рече Спасов на новинарско прашање на денешната прес-конференција посветена на проектот „Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик“.

Тој појасни дека сите избрани и именувани лица, односно носители на јавни функции што ќе остварат дополнителен приход по основа на авторски договор или договор за дело, исто така, подлежат на задолжително плаќање социјални придонеси за сумата којашто ја оствариле, што значи дека и избраните лица, односно функционерите се опфатени со мерката воведување задолжително социјално осигурување на приходите стекнати по основа на авторски договор и договор за дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top