Mеѓуетничките односи во Македонија сѐ уште се соочени со предизвици, кои доаѓаат и од политичка манипулација, која ја извртува вистинската слика за соживотот, порача претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред пратениците во Собранието.
– Суштината на нашиот општествен и државен концепт е да живееме едни со други, а не едни против други, ниту едни покрај други. Но, и за тоа ни е потребно, во духот на нашиот македонски модел на соживот, повеќе дијалог, повеќе почитување и поголемо прифаќање на различноста. Клучниот збор за 2015 година и во однос на Собранието и во меѓуетничките односи треба да биде дијалог- рече македонскиот претседател.
Сите сме свесни, додаде, дека работите не се толку едноставни.
– Отсуството на политички дијалог во Собранието и фрустрациите во меѓуетничките односи, меѓу другото, се одраз и на оспорувањето на нашето име, идентитет и јазик, на состојбите во регионот, Европската унија и светот – рече претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани