| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Политичка манипулација ја извртува вистинската слика за соживотот

ivanov1

Mеѓуетничките односи во Македонија сѐ уште се соочени со предизвици, кои доаѓаат и од политичка манипулација, која ја извртува вистинската слика за соживотот, порача претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред пратениците во Собранието.

– Суштината на нашиот општествен и државен концепт е да живееме едни со други, а не едни против други, ниту едни покрај други. Но, и за тоа ни е потребно, во духот на нашиот македонски модел на соживот, повеќе дијалог, повеќе почитување и поголемо прифаќање на различноста. Клучниот збор за 2015 година и во однос на Собранието и во меѓуетничките односи треба да биде дијалог-  рече македонскиот претседател.

ivanov obrak

Сите сме свесни, додаде, дека работите не се толку едноставни.

– Отсуството на политички дијалог во Собранието и фрустрациите во меѓуетничките односи, меѓу другото, се одраз и на оспорувањето на нашето име, идентитет и јазик, на состојбите во регионот, Европската унија и светот – рече претседателот Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top