| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Ројс казнет со 540 илјади евра поради возење без дозвола

Фудбалерот на Борусија Дортмунд е казнет со 540.000 евра затоа што возел без дозвола.

Според пишувањето на „Билд“, тој последните три години возел автомобил без возачка дозвола. За време на тој период добил пет казни за брзо возење во висина од 90 дневници. Тоа е систем на казнување што постои во неколку европски земји и кој се пресметува за секоја личност посебно врз основа на нејзините примања.

Ројс, наводно, почнал да оди на часови за возење од 18 години, но никогаш не полагал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top