Добитникот на петка Џокер во Новолото 7/34 од 99 коло ја подигна својата добивка, вредна 130.315,00 денари. Станува збор за пензионер од Битола, кој посака да остане анонимен. Тој своето добитно ливче го уплатил во СТУДИО ГИНА – продажно место кое се покажа како негово среќно место.
Нашиот најнов член на големото семејство среќни добитници на Државна лотарија на Македонија е верен играч на Ново Лото и Бинго, со години. Покрај овие игри на среќа,често практикува да игра и дополнителна игра ЏОКЕР, а повремено и Инстант лотариите на ДЛМ. За него може да се каже дека е навистина среќен играч, затоа што досега добил неколку повредни добивки од поранешното Џамбо Бинго на Државна лотарија на Македонија, како и по некоја стокова награда. За разлика од него, неговата сопруга не верува дека среќата може да му се насмее на секој што ги игра игрите на среќа. Токму затоа при доаѓањето во просториите на Државна Лотарија на Македонија, тој им порача на сите играчи: „Само тој што игра, може да добие“.
Пресреќен од добиената сума од 130.315 ден, ни откри дека добивката ќе им ја подели на неговите внуци, за да ги израдува пред Нова година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.