Откако во медиумите беше објавена снимка на која глумецот Стивен Колинс зборува за сексуално злоупотребување девојчиња, во списанието „Пипл“, ѕвездата од серијата „На седмо небо“ отворено призна за своите злодела и додал дека станува збор за три девојчиња.
Злоупотребувањата се случиле меѓу 1973 и 1994 година, но кажува дека не направил ништо толку страшно, како што било презентирано во медиумите.
– Пред 40 години направив навистина нешто грозно и се каам. Работам на тоа да се искупам за тоа што го направив и одлучив дека ќе се соочам со овие проблеми затоа што медиумите пред два месеца објавија снимка на разговор којшто го водев со својата поранешна сопруга Фаје Грант. Снимката е направена во текот на брачна терапија без моја дозвола или дозвола на нашиот терапевт – изјавил 67-годишниот Колинс.
Тој истакнал дека со девојчињата немал сексуални односи, односно дека само се соблекол гол пред нив, а едно од девојчињата го натерал да го допира на недоличен начин.
Во својата исповед за списанието, неколку пати истаклан како тоа се случило во далечното минато и дека такво нешто не му се повторила во последниве 20 години, а ниту во овој период имал такви нагони, кои би го натерале повторно на таков чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст