| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот глумец признал: Злоупотребив три девојчиња, се каам поради тоа и веќе немам такви нагони

stiven kolins

Откако во медиумите беше објавена снимка на која глумецот Стивен Колинс зборува за сексуално злоупотребување девојчиња, во списанието „Пипл“, ѕвездата од серијата „На седмо небо“ отворено призна за своите злодела и додал дека станува збор за три девојчиња.

Злоупотребувањата се случиле меѓу 1973 и 1994 година, но кажува дека не направил ништо толку страшно, како што било презентирано во медиумите.

– Пред 40 години направив навистина нешто грозно и се каам. Работам на тоа да се искупам за тоа што го направив и одлучив дека ќе се соочам со овие проблеми затоа што медиумите пред два месеца објавија снимка на разговор којшто го водев со својата поранешна сопруга Фаје Грант. Снимката е направена во текот на брачна терапија без моја дозвола или дозвола на нашиот терапевт – изјавил 67-годишниот Колинс.

Тој истакнал дека со девојчињата немал сексуални односи, односно дека само се соблекол гол пред нив, а едно од девојчињата го натерал да го допира на недоличен начин.

Во својата исповед за списанието, неколку пати истаклан како тоа се случило во далечното минато и дека такво нешто не му се повторила во последниве 20 години, а ниту во овој период имал такви нагони, кои би го натерале повторно на таков чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top