Триесет и едногодишната С.А.П.од Штип, околу 2.45 часот по полноќ, во штипската полиција го пријавила својот сопруг С.П.(31), кој истиот ден околу 00.30 часот во семејниот дом без повод и причина ја удирал по телото и главата, при што истата исплашена побегнала од домот. На оштетената од страна на доктор ѝ се констатирани телесни повреди.
С.П. е приведен во полициска станица, обавен е разговор со истиот, извршено е алкотестирање, при што е утврдено 2,87 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.