Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија во рамките на декемврискиот француски кино-клуб, премиерно ќе биде прикажан филмот „Две есени, три зими“. Филмот е во режија на Себастијен Бедбеде, од 213 година, со Венсан Макењ, Мод Вилер, Бастијен Бујон во главните улоги, а ќе биде прикажан на 18 декември, четврток, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.
Филмот е со превод на македонски јазик. „Две есени, три зими“ е „постмодернистичка, нежна и заводлива комедија“ (Ле Паризјен), „портрет на една романескноста на денешната генерација“ (Пари Мач), но „една генерациска социјална хроника прикажана низ магија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


