| четврток, 6 декември 2018 |

Гол велосипедист казнет бидејќи возел без кацига

Полицијата во Нов Зеланд сопрела гол велосипедист и го казнила бидејќи не носел заштитна кацига. Полицајците рекле дека не е порблем што немал облека и што конзумирал алкохол, туку што не носел кацига во текот на возењето велосипед. Постариот полициски наредник Рандел Тикитики рекол дека мажот е обвинет за недолично однесување, а тоа зависи од тоа „што се гледа“.

Иако велосипедистот бил под дејство на алкохол, портпаролката на полицијата во агенцијата за транспорт во Нов Зеланд рекла дека не постои закон кој го ограничува конзумирањето алкохол кога станува збор за велосипедисти. Но, мажот би можел да биде обвинет за неодговорно користење на превозното сретство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top