Во последното коло од есенскиот дел на шампионатот во македонското кошаркарко првенство, Фени Индустри на домашен паркет повторно, по втор пат годинава го победи шампионот МЗТ Скопје со 90-79. Домаќините докажаа дека не била случајна победата во Скопје во „Јане Сандански“ над МЗТ во првиот дел од сезоната.
Во текот на сите 40 минути Фени го диктираше темпото и ја имаше иницијативата и воопшто не дојде во знак прашање кој ќе биде победник. Иако ослабени без своите најдобри играчи Дамјан Стојановски и Марко Симоновски кои се повредни, металците успеаја да парираат само во првотополувреме. За одбележување е најефикасната прва четвртина кога беа постигнати вкупно 69 поени, благодарајќи на безпрекорните напади на двата тима за разлика од одбраната.
Овој период го добија МЗТ со 35-34.
Во второто полувреме одлучија неколкуте серии на домаќините и сконтрентрираниот шут од слободни фрлања. Тие во текот на целиот натпревар промашија само две од 18 обиди.
Адам Кемп ги предводеше Фени до нова победа со 18 поени, а одлична партија пружи Димитар Караџовски кој додаде 17 коша.
Странците во тимот на МЗТ Сеад Сеховиќ со 20 и Алексадар Цветковиќ со 14 поени и девет успешни додавања беа најдобрите кај поразените гости од Скопје.
Двата тима се изнедачија на табелата со шест победи и три порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика