| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон потврди: Војската на НАТО е на руската граница

Пентагон го потврди трупањето на војската по должината на руската граница за да се обезбеди долгорочен „мир и стабилност“ во регионот, известија руските медиуми. Москва претходно го обвини НАТО за значително зголемување на воздухопловните активности и разузнавачки летови во зоната на границата, пренесе „Раша тудеј“.

Претставникот на Пентагон за РИА Новости рече дека военото присуство на Алијанската е зголемено, но дека сите операции се спороведуваат крајно транспарентно.

Сегашните напори на Европската команда на американските вооружени сили во склад со операцијата „Атлантска решеност“ и ја демонстрираат американската „решеност за заедничка безбедност на НАТО, долгорочниот мир и стабилност во регионот, особено во светло на руската „вмешаност на Украина“, рече портпаролот на Пентагон.

Американската операција „Атлантска решеност“ подразбира настојување на САД да ги поддржат своите НАТО сојузници и партнери во Европа, што значи постојано присуство на копнените сили во Полска и во регионот на Балтикот, како и одржување на поморски веѓби во Црното море.

Генерал-полковникот Михаил Мизинчев, шеф на Контролниот центар за национална одбрана, претходно изјави, за агенцијата „Блумберг“ дека присуството на НАТО во Источна Европа почнува да претставува загриженост кај Москва.

Генералот укажа на тоа дека летовите на НАТО се двојно повеќе и изнесуваат околу 3.000 оваа година.Мизинчев рече дека странските авиони, во периодот 2013-2014, летале „опасно блиску“ до руските авиони во најмалку 55 случаи, на растојание помало од 100 метри.

-Руските мисии се „ризични“, колку што се и летовите на НАТО во близина на руската граница, рече Мизинчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top