Унгарската пејачка Моника Мицзура, попозната како „Mitsou“ ги тужи ѕвездената двојка Бијонсе и Џеј Зи, како и нивниот продуцент „Timbaland“, поради песната „Drunk in Love“.
Пејачката тврди дека во песната Бијонсе користела фрагменти од нејзината „Bajba, Bajba Pelem“. Адвокатот на унгарката појаснува дека гласот на „Mitsou“ е дигитално обработен и користен во песната на Бијонсе, без дозвола од унгарската ѕвезда.
Моника Мицзура инсистира судот да забрани песната „Drunk in Love“ да се врти по радиата и телевизиите, додека случајот не заврши. „Drunk in Love“ е од петтиот студиски албум на Бијонсе, кој се појави на пазарот во 2013 година.
Песната на Мицзура „Bajba , Bajba Pelem“ е од 1995 годинa.
Споредете ги песните:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




