Премиерот Никола Груевски денеска во Белград ќе учествува на заедничкиот состанок со премиерите на НР Кина, Србија и Унгарија на кој ќе се разговара за можноста за изградба на експресна железничка пруга од Будимпешта до Солун преку Белград и Скопје.
Македонија, како што изјави премиерот Груевски, е подготвена за соработка во овој проект.
– Очигледно е дека пругата од Атина до Будимпешта е приоритет за кинеската страна, а за реализација е потребна соработка со сите држави на таа траса – Унгарија, Србија, Македонија и Грција. Ние сме подготвени да соработуваме и претпоставувам дека ќе разговараме за деталите како ќе се изведе целата операција, за кои временски рокови и под какви услови, изјави вчера Груевски по завршувањето на работниот дел од средбата 16 плус еден.
Покрај ова, претседателот на македонската Влада ќе има и серија билатерални средби со дел од учесниците на Самитот на шефови на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа. Предвидено е да се сретне и со српскиот премиер Александар Вучиќ и со кинескиот премиер Ли Кечијанг.
Македонија е прва од земјите во поширокиот регион која веќе користи средства од кинеската Ексим банка за реализација на автопатските делници Кичево – Охрид и Скопје – Штип.
Самитот во Белград почна вчера, а на него покрај премиерот Груевски, домаќинот Александар Вучиќ и шефот на кинеската Влада Ли Кечијанг присутни се и премиерите на Албанија, Унгарија, Словачка, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Естонија, Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Полска, Чешка и Романија, како и потпретседателот на хрватската Влада.
Во составот на македонската делегација се и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министрите за надворешни работи и за транспорт и врски, Никола Попоски и Миле Јанакиески, кои ќе учествуваат во економскиот дел на Самитот.
Соработката на Народна Република Кина со земјите од Источна и Централна Европа започна пред три години во Будимпешта, а продолжи на состаноците во Варшава во април 2012 година и во Букурешт лани во ноември
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски