| четврток, 6 декември 2018 |

Две возила излетаа од пат, двајца повредени

Две лица се полесно повредени во две одделни сообраќајни несреќи што се случија на патот Градско – Прилеп. Според командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, Илчо Богевски, во првиот случај од патот излетало возило со кавадаречки регистарски таблички, а во вториот случај автомобил со битолски таблички.

– Возило марка „нисан“ со кавадаречка регистрација излета од патот кај селото Раец. Притоа едно лице е полесно повредено. Речиси во исто време од патот излета и битолско „ауди 4“ кај селото Фариш. И во тој случај има едно лице со лесни телесни повреди – изјави Богевски за МИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top