
Филмскиот спектал Егзодус: Богови и кралеви“ ќе се најде на редовниот репертоар на скопските кина од 18 декември. Користејќи врвни визуелни и 3Д ефекти, Ридли Скот внесува нов живот во приказната за непокорниот водач Мојсеј (Кристијан Бејл), кој го предводи бунтот против египетскиот фараон Рамзес (Џоел Еџертон) и предводи 400.000 робови во бегство од Египет.
Познатиот режисер Ридли Скот („Гладијатор“, „Прометеј“) ја создаде епската авантура „Егзодус: Богови и кралеви“, приказна за човекот кој бил доволно храбар да се спротистави на моќта на империјата.

Егзодусот од Египет е оригинална и комплетна херојска сага. Како и моќната и лична приказна богата со емоции, ривалство, предавство и неуништивата потрага за слобода. Скот забележува: „Животот на Мојсеј е една од најголемите авантури и духовни потраги на сите времиња“. Од воведната битка во која војниците го напаѓаат Хетитскиот табор, до огромните кули, застрашувачката епидемија и раздвојувањето на Црвеното море, Скот ѝ дава личен печат на една од најценетите и најважни приказни. „Го сакам сето она што е поголемо од животот“, истакнува Скот. „Знаев што правам со ’Гладијатор‘, како да го вдахнам живот и чувствата на луѓето од тој период. Со филмот ’Егзодус: Богови и кралеви‘ сакам да постигнам нешто слично – да ја оживеам египетската култура и Егзодусот на начин кој не е виден порано.
Централната врска на филмот „Егзодус: Богови и кралеви“ е помеѓу Мојсеј и Рамзес, кои растеле како браќа. Рамзес станува фараон, а Мојсеј негов најверен советник и заменик. Но, кога Рамзес дознава дека Мојсеј е Евреин, го прогонува својот ’брат‘ во пустината каде го чека сигурна смрт. „Рамзес е персонификација на тоа како апсолутната власт во целост ја расипува личноста“, вели Џоел Еџертон, кој го толкува Рамзес во филмот. „Тој почнува да верува дека е Бог, што создава сјајна динамика меѓу Мојсеј и него.“
Филмот „Егзодус: Богови и кралеви“ е сниман во студиото „Пајнвуд“, Лондон, и на локации во Алмеира на југот на Шпанија и Фуертавентура на Канарските острови. Кристијан Бејл го глуми Мојсеј со Џоел Еџертон како Рамзес, Џон Тaртурo како Сети, Бен Кингсли како Нун и Ерон Пол како Џошуа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


