Битолската полиција поднесе кривична пријава за М.С.(59) од Битола за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
Вечерта на 17 ноември околу 20 часот, на ул. „Илинденска“ во Битола, поради нерасчистени имотно-правни односи настанала вербална расправија меѓу пријавениот и неговата 52-годишна сестра од Битола, во која пријавениот физички ја нападнал нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.