Најскапото засилување во историјата на Барселона, Луис Суарез, се наоѓа на чекор до израмнување на својот негативен рекорд.
Доколку не постигне погодок во наредниот натпревар против екипата на Кордоба, Луис Суарез ќе ја израмни најдолгата низа од натпревари во лигата без постигнат гол.
Додека настапуваше за Ајакс, во сезоната 2006/07 мрежата не ја затресе од 12. до 20. коло во лигата, односно осум натпревари. Моментално на седум одиграни натпревари за Барселона не постигна ниту еден гол.
Уругваецот беше стрелец во Лигата на шампиони против Апоел и ПСЖ, додека во Примера забележи само четири асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


