| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисменот Абид ал Селами: Македонија е едно од најдобрите места за почнување бизнис

DSC_9459

-Македонија е едно од најдобрите места за инвестирање и е многу сигурна. Владата врши одлична работа и од она што можев да го видам од моите посети во Македонија можам да ја воочам разликата секој пат кога ќе доаѓам во Македонија – изјави Абид Ал Селами, сопственик на повеќе компании од прехранбената индустрија, кој досега неколкупати ја посетил Македонија.

Тој денеска беше дел од бизнис форумот што се одржа во соработка со индустриската комора на Џеда каде членуваат сите поголеми, средни и мали компании. Градот Џеда е најголемиот пристанишен град и втор најголем град во Саудиска Арабија.

Директорот на „Шаба Груп“, која е голема консултантска куќа од Саудиска Арабија, посочи дека Македонија е држава која гради добра и успешна бизнис клима.

-Бев импресиониран од информациите што имав можност да ги слушнам, особено од Премиерот на вашата држава. Тоа се одлични податоци и дознаваме колку е привлечен за инвестирање тој регион. Особено што се информиравме за условите за водење на бизнис во Македонија што е одлично да се чуе како и податокот дека е многу привлечна средина за бизнис. Се надевам дека ќе продолжи комуникацијата со владините претставници – изјави Абдулах Ал Новајсер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top