Кавадарчанецот Блаже Панов е првиот странец што успешно го положил фудбалскиот тест во Русија и стекнал УЕФА про лиценца. Со тоа му се отвора можноста за работа како тренер во кој било клуб во Европа.
Патешествието на Панов до Русија е мошне интересно, а патот до една од водечките европски фудбалски земји го одведе преку Милано и Парма преку Белград и Црвена звезда, а потоа беше присутен и во турскиот гигант Бешикташ и во Олимпија од Љубљана.
Ако се земе предвид дека бројот на пријавени учесници за секоја земја за про лиценцата на УЕФА е ограничен и странците тешко се пробиваат, тогаш јасно е колку е значајно остварувањето на Панов. Упорноста на македонскиот тренер се исплатеше, а дипломата од Русија е награда за вложениот труд.
Нашиот фудбалски стручњак во поголемиот дел од 2014 година стекнуваше искуство во рускиот прволигаш ЦСКА Москва, кој беше учесник и во фазата по групи во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





