Грција може да се соочи со недостиг од пари ако предвремените избори се одржат среде деликатните преговори на Атина со меѓународните кредитори.
Новата криза може да се случи ако не успеат претседателските избори. Во тој случај ќе падне владата и ќе мора одново да се оди на парламентарни избори. На можниот „значителен недостиг од пари“ вчера предупреди и грчкиот министер за финансии Гикас Хардувелис.
– Ако нема влада, Грција ќе се соочи со голем недостиг со кој ќе може да се управува до февруари – додаде Хардувелис.
Премиерот на Грција, Андонис Самарас, за утре го закажа првиот од трите можни кругови на избори за наследник на актуелниот претседател Карлос Папуљас. Ризичното коцкање на Самарас, како што оценува „Економист“, веднаш доведе до блага дестабилизација на финансискиот пазар. Според Самарас, причини за претседателските избори два месеци пред рокот е токму политичката стабилност. Тој верува дека функционирањето на Грција го загрозува партијата СИРИЗА и нејзиниот лидер Алексис Ципрас, кој постојано бара нови парламентарни избори.
Меѓутоа, претседателскиот кандидат на Самарас, Ставрос Димас, тешко дека ќе ја добие довербата на мнозинството во првиот круг, а малку веројатно е дека тоа ќе му успее и во вториот круг на гласање што би се одржал на 23 декември. Премиерот контролира 155 од 300 пратеници од националниот парламент, а во првите два круга е потребно да има барем 200 гласа за Димас.
Во третиот конечен круг кој ќе се одржи на 29 декември, прагот паѓа на 180 пратеници, па премиерот се надева дека до тогаш ќе убеди уште 25 пратеници да гласаат за неговиот кандидат. Ако не успее, ќе следува распуштање на парламентот со распишување на предвремени парламентарни избори во рок од дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


