Не е само способна за држење микрофон и пеење, српската турбофолк-пејачка Цеца Ражњатовиќ одлично се снаоѓа и на оро. Тоа го покажала при еден настап во Виена. По настапот кој го имала пред 400 студенти од Јагодина, не издржала и се фатила на оро заедно со нив. Оваа можност не се пропушта така лесно, па затоа градоначалникот на Јагодина, Драган Марковиќ Палма, се фатил на српско оро.
Студентите биле изненадени за забавата што ја приредил градоначалникот со специјалната гостинка Цеца. Како што изјавила пејачката, уште од нејзината 16 година се познавала со Палма, а пријателите меѓусебно си помагаат, па и затоа ја прифатила поканата да биде гостинка. Цеца посакала да види и други градоначалници како организираат екскурзии.
По настапот пејачката околу еден час се фотографирала со сите студенти, а од ресторанот била испратена како што била и дочекана, со звукот на „Маршот на Дрина“. Овој пат Цеца ја покажала својата друштвена страна иако често по медиумите се пишува за нејзините посебни барања при секое гостување, овој пат изгледа направила исклучок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.