В четврток, со почеток во 20 часот, во Домот на АРМ, Македонската филхармонија ќе се претстави со вториот концерт од циклусот „Лауреати“ во оваа концертна сезона „Без зборови“. Македонската филхармонија ќе настапи под искусното водство на истакнатиот диригент Андреас Вајзер од Германија, а во улогата на солист ќе се појави еден од најистакнатите украински виолинисти, младиот Валериј Соколов, победник на престижниот натпревар „Жорж Енеску“ во Романија. Валериј Соколов, кого критичарите го нарекуваат „драматичен и возбудлив виолинист“, ќе го отсвири Концерт за виолина и оркестар бр. 5 од Волфганг Амадеус Моцарт, познат и под името како „Турски“. На програмата е и Увертирата кон операта „Волшебната флејта“ исто така од Моцарт и Симфонијата бр. 8 од Лудвиг ван Бетовен. |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.