| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарите и Романците се најевтина работна сила во ЕУ, Данците најскапи

euПросечната цена на работната рака во економијата на ЕУ во текот на 2012 година (со исклучок на земјоделието и јавната администрација) изнесувала 24,2 евра, а во еврозоната – 29,3 евра, покажуваат податоците на Евростат.

Поголеми разлики, меѓутоа, постојат меѓу одделните земји членки, па така, цената на работната рака во Бугарија е најниска во цела ЕУ и изнесува 3,4 евра на час, додека во Данска таа е највисока и изнесува 40,1 евра.

Во Романија цената на работната рака просечно изнесува 4,1 евра.

Положбата е речиси иста и во производствениот сектор, каде Бугарија и Романика, исто така, се наоѓаат на крајот од редот (соодветно со 2,8 евра и 3,7 евра на час), а на почетокот на листата се Белгија со 42 евра и Шведска со 41,4 евра.

Во сите земји на ЕУ најскапа е работната рака во финансискиот сектор и осигурувањето, а во Романија таа изнссува 136 отсто над просечната во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top