Српската музичка ѕвезда Светлана Ражњатовиќ–Цеца најави дека концертот во Скопје е последен концерт за периодот што следува. Веднаш потоа Цеца се затвора во студио каде што ќе почне да работи на својот нов албум. Медиумската изолација ќе ѝ обезбеди време за да може да се посвети на музиката.
Освен македонската публика, на концертот во Скопје свое присуство најавуваат и обожаватели на пејачката од соседна Бугарија, но и од Србија.
– Иако Србија веќе неколку пати имаше можност да ужива во концертите на својата миленичка, овој во Македонија, со оглед на тоа дека ќе е последен за периодот кој што следува, се покажа како интересен не само за фановите туку и за медиумите во регионот – велат од организацијата на скопскиот концерт.
Уште малку влезници се наоѓаат на стандардните продажни места низ земјава. „Камарад“ – Рамстор, „Розе“ – Веро 2, „Купикарти за сѐ“, низ локални кафулиња и плоштади низ земјава. За обожавателите на Цеца од градовите низ Македонија има организиран превоз. Доколку се одлучите за ВИП доживување на овој концерт, резервации на телефон: 072 68 07 76.
Цеца во Скопје доаѓа еден ден пред концерт за да може, како што сама вели, да ужива во најубавите јадења во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.