| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена загаденост на воздухот во Скопје и во Тетово

маглаЗагаденоста на воздухот во Скопје и во Тетово утринава е голема. Според индексот на загадување, нивото на суспендирани честички ПМ10 е високо во неколку скопски населби, а во Тетово е многу високо.

Податоците објавени на веб-сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека загаденоста е голема во скопските населби Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба, како и во Тетово.

Во текот на вчерашниот ден во сите овие места било зголемено нивото на овие честитки во просек за четири пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top