| четврток, 6 декември 2018 |

Продадена најскапата фотографија на светот

На истата аукција во Лас Вегас беа продадени уште две фотографии на Лик, „Илузија“, која достигна цена од 2,4 милиони долари и „Вечни расположенија“ која беше продадена за 1,1 милион долари, пишува во официјалното соопштение

1418318489933

Фотографијата „Фантом“ на австралискиот фотограф Питер Лик е продадена минатата недела за 6,5 милиони долари на аукција во Лас Вегас. Ова е најскапо продадена фотографија на светот.

– Целта на моите фотографии е во тоа да ја забележат силата на природата и на тој начин да ги инспирирам луѓето да почувстуваат страст и да се поврзат со фотографијата – изјави Питер Лик откако беше продадено неговото дело.

На истата аукција во Лас Вегас беа продадени уште две фотографии на Лик, „Илузија“, која достигна цена од 2,4 милиони долари и „Вечни расположенија“ која беше продадена за 1,1 милион долари, пишува во официјалното соопштение.

Лик сега е сопственик на дури четири фотографии од 20-те најскапи на светот. Претходно, неговата фотографија „Еден“ беше продадена за милион долари.

„Фантом“ и „Вечни расположенија“ се црно-бели верзии на фотографиите на Лик „Дух“ и „Вечна убавина“.

Питер Лик е роден во Австралија, каде што ги направил првите аматерски фотографии. Во 1984 година се преселил во САД, каде што почнал да работи како професионалн фотограф. Еден од неговите најпознати проекти е „Духот на Америка“, кој го сочинуваат 50 пејзажи снимени ширум САД.

Австралискиот институт за професионална фотографија го награди со највисоко признание, како и Здружението на Професионалните фотографи на САД и Британскиот институт за професионална фотографија. Неговите работи се наоѓаат во многу музеи насекаде низ светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top