-Се виси на конец, кој е волјата на грчкиот народ, и ако се скине, може да ја доведе земјата до апсолутна катастрофа, изјави министерот за надворешни работи и лидер на помалиот коалициски партнер во грчката Влада, ПАСОК, Евангелос Венизелос .
Тој вчера во Костур имаше состанок со околу 80 партиски функционери на кој ги објасни причините зошто Владата одлучи да го забрза изборот на нов претседател на земјата.
Во сите случаи, тој ги предупреди сопартијците дека се можни предвремени парламентарни избори, доколку сегашниот состав на Парламент покаже дека не може да избере нов претседател на Грција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.