Македонското друштво „Илинден’’ од Тирана неговиот огранок од Голо Брдо ги отфрлат тврдењата на Институтот за бугарски јазик во Софија дека дијалектите на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник во Албанија биле бугарски дијалекти.
-Ние говориме чист македонски јазик, се истакнува во соопштението и се додава дека тврдењата на Софија се груб фалисфикат на историјата и вистината.
Според мапата која ја изработи Институтот за бугарски јазик во Софија, проект финансиран од фондовите на ЕУ, бугарски дијалекти се зборуваат во речиси цела северна Грција, цела Македонија и делови од Албанија и во голем дел од Србија.
Во Албанија ниту имало ниту има бугарски дијалекти така било,така и ќе остане.
Македонското друштво ‘’Илинден’’ од Тирана и македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ги осудува активностите на Институтот за бугарски јазик во Софија , во обидите за да фалисфикат на историјата, не може врз основа на политички поделби да се прават вакви научни искривувања на вистината, се вели во реакцијата на друштвото доставена до медиумите .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во скопската ЗОО таблите за опис на животните на македонски и на албански јазик
-
Коѕијас до Мицотакис: „Македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977
-
Мицотакис: Не прифаќаме македонска националност и македонски јазик
-
Груевска-Маџоска: Македонскиот јазик не се споменува ниту еднаш во Стратегијата на Министерството за култура за 2018-2020


