| четврток, 6 декември 2018 |

Македонско друштво „Илинден’’ од Тирана: Македонците во Албанија не зборуваат на бугарски дијалект!

Македонското друштво „Илинден’’ од Тирана неговиот огранок од  Голо Брдо ги отфрлат тврдењата на Институтот за бугарски јазик во Софија дека дијалектите на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник во Албанија биле бугарски дијалекти.

-Ние говориме чист македонски јазик, се истакнува во соопштението и се додава дека тврдењата на Софија се груб фалисфикат на историјата и вистината.

Според мапата која ја изработи Институтот за бугарски јазик во Софија, проект финансиран од фондовите на ЕУ, бугарски дијалекти се зборуваат во речиси цела северна Грција, цела Македонија и делови од Албанија и во голем дел од Србија.

Во Албанија ниту имало ниту има бугарски дијалекти така било,така и ќе остане.

Македонското друштво ‘’Илинден’’ од Тирана и македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ги осудува активностите на Институтот за бугарски јазик во Софија , во обидите за да фалисфикат на историјата, не може врз основа на политички поделби да се прават вакви научни искривувања на вистината, се вели во реакцијата на друштвото доставена до медиумите .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top