| четврток, 6 декември 2018 |

Избегнат инцидент: Опасност од судир помеѓу авион и руски ловец над Шведска

Шведските власти денеска соопштија дека во воздушниот простор над југот од Шведска за малку е избегнат голем инцидент односно судир на руски борбен авион и комерцијален авион кој полетал од аеродромот на данската престолнина Копенхаген.

Шведскиот министер за одбрана, Петер Хултквист, во интервју за шведско радио открил дека станува збор за руски авион и додал:

„Ова е сериозен инцидент. Се случи нешто потполно неприкладно. Исклучително е опасно кога авионот ќе ги исклучи транспондерите“.

Генерал мајорот од шведското воздухопловство, Микаел Биден,  истакнал дека се работи за странски авион и навел дека транспондерите на тој авион биле исклучени и затоа не можеле да се забележат на радарите од комерцијалните авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top