Шведските власти денеска соопштија дека во воздушниот простор над југот од Шведска за малку е избегнат голем инцидент односно судир на руски борбен авион и комерцијален авион кој полетал од аеродромот на данската престолнина Копенхаген.
Шведскиот министер за одбрана, Петер Хултквист, во интервју за шведско радио открил дека станува збор за руски авион и додал:
„Ова е сериозен инцидент. Се случи нешто потполно неприкладно. Исклучително е опасно кога авионот ќе ги исклучи транспондерите“.
Генерал мајорот од шведското воздухопловство, Микаел Биден, истакнал дека се работи за странски авион и навел дека транспондерите на тој авион биле исклучени и затоа не можеле да се забележат на радарите од комерцијалните авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


